Ексклузивно

Мистериозните “вонземски“ шумски кружни насади во Јапонија се резултат на 50 годишен експеримент


Круговите во житата кои се појавуваат ненадејно низ полињата во светот се главен дел од теориите на заговор, поради што уметничките креации со разни правилни геонетриски форми често им се припишуваат на слетувања на НЛО или сложени форми на вонземјанска комуникација.
Затоа можете да ја замислете возбудата на луѓето низ светот кога биле забележани неверојатни геометриски дизајни, направени од големи повеќегодишни јапонски кедри.

За жал, за оние кои сакаат да поверуваат дека ова има врска со нешто вонземско, тоа има совршено логично, но сепак интересно објаснување дека овие форми потекнуваат човекот и се дел од еден експеримент.

Живописните природни формации не се резултат на инвазија на вонземјани, туку подобро разработен план кој се реализирал пред речиси 50 години. Документ на јапонското Министерство за земјоделство, шумарство и рибарство објаснува дека она што е сега видливо се должи на проектот од 1973 година во врска со растот и растојанието помеѓу дрвјата. Тие за таа цел во близина на Ничинан Сити во префектурата Мијазаки во радијлни  кругови засадиле кедри, при што создале 10 совршени концетрични прстени. Во тоа време, областа била означена како "експериментално шумарство", а еден во еден од експериментите истражувачите засадиле дрва со радијални чекори од 10 степени за да формираат 10 концентрични кругови.

Она што сега е видливо - дури и на Google Earth - се резултатите по 45 години. Интересно е тоа што конкавната форма овозможува надворешните кругови со најмала густина да постигнат повисок раст, при што големината на дрвото станува постепено помала, бидејќи густината се зголемува. Со тоа овој експеримент докажува дека растојанието има неочекувано позитивни резултати на растот.

Има смисла нели? Повеќе простор е еднакво на помалку конкуренција за ресурси како што се вода и сончева светлина, така што полесно е овие надворешни дрвја да растат поголеми и посилни, додека оние однатре да се борат меѓу себе.
Според првичните планирања било предвидено овие дрва да се посечат за 5 години, но со оглед на новиот интерес, службениците размислуваат за зачувување на кружната шума.


No comments