Ексклузивно

Шумски пожар го сардиса кичевското село Белица


На повеќе локации низ Кичевско вчера беа регистрирани повеќе пожари, но најкритично беше во селото Белица, кое од неколку страни беше опколено со пламен. До доцна во ноќта пожарникарни служби и доброволци од селото се бореа со огнени јазици и околу два саатот по полноќ успеале да го локализираат пожарот.
Успешното справување со пожарот било отежнато поради сувата тревја, лисјата од стеблата и ветрот. Ваквите услови го потпомогнале ширењето на шумските пожари кој се заканувал да ги зафати и куќите од селото.
Во атарот на селото Белица гореше ситно стеблеста шума и други растенија, а огнената стихија се закануваше дека ќе ја зафати и блиската дабова шума. Жителите стравуваа дека пожарот ќе се спушти во селото при што би предизвикал голема катастрофа, поради што постојано апелираа за помош.
На Фејсбук страната “BELICA – БЕЛИЦА”, вчера во текот на целиот ден се објавуваа видеа за состојбата на пожарите, според нив надлежните долго време ги немало на теренот. Мештаните молеа за помош преку социјалните мрежи велејќи дека не можат со голи раце да се справат со огнената стихија.

No comments