Ексклузивно

Очајот на нашите шумите нема крај



Се чини дека шумата ја губи битката со организираниот и помалку организираниот криминал во шумарството. Обемот на уништувањето на нашите шуми и пљачка на националното добро е толку големи размери, што многумина оправдано се сомневаат дека станува за добро организирани дејствија. Овој сомнеж дотолку е поголем ако се има во предвид дека не станува збор за чечкалици од дрво кои може да ги собере во еден џеб, туку за масивни габаритни дрвја за чиј транспорт се потребни посебни превозни средства. Покрај тоа звукот на моторните пили е толку силен, што кога работат татнат цели планини, па лесно може да се утврди дали некој уништува шума и од каде доаѓа звукот. По се изгледа поради големата количина на пари кои се стекнуваат со уништувањето на шумите, многумина стануваат глуви и слепи.
Можеби некој ќе рече дека овие зборови се претенденциозни, но сликите од теренот го покажуваат сиот очај на нашите шуми. Се чини дека едни од најгласните се жителите од населените места и планинарите од Шар Планина. Според нивна слободна проценка, се работи за околу 600 хектари исечена шума, главно букова, дрво кое има и техничка маса. Без да се вреднува техничката дрвна маса, според нив станува збор за криминал чија дрвна маса на пазарот за огревно дрво чини околу 3.000.000 евра. Секако тука не се пресметани и другите вредности од шумата, со што штетата би била многу поголема.
Свесни сме дека вакви укажувања и апели конечно да се застане на патот на нелегалното уништување на шумите има безброј и дека никој не ги есапи, но на нас совеста не ни дозволува да бидеме рамнодушни кон сето оваИскрено се надваме дека конечно надлежните органи ќе се свестат дека ова уништување веќе полека преминува во лудило, па ќе решат да воспостават ред и почитување на законите во шумарството и во шумите. Ова дотолку е значајно, што нелегалните сечи имаат негативни реперкусии и врз економските ефекти на работата на јавните претпријатија кои стопанисуват со шумите, со што една цела индустриска гранка тоне и се уништува.





No comments