Ексклузивно

Кривични за бесправна сеча за вработени во ЈП „Македонски шуми“ од Крушево и за едно правно лице


За акцијата за која минатата недела инфорамираше ЈП „Македонски шуми“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, до Основнотo јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривични пријави против четири лица. Станува збор за Т.З.(54) од Крушево, Ј.М.(50) од крушевското село Врбоец и Д.Д.(53) од Крушево кои се осомничени за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „пустошење на шума“ во врска со кривично дело „помагање“ и против лицето Б.С.(56) од Крушево и правното лице „МЕР– БИЛ“ ДООЕЛ Крушево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.
Како што соопштива денаска од МВР, Т.З., Ј.М. и Д.Д. сите вработени во ЈП „Македонски шуми“ и задолжени за Шумско стопанска единица „Бирино Селце“, со пречекорување на службените овластувања и со неизвршување на службената должност, во периодот од 06.06 до 21.06.2018 година овозможиле непланска – бесправна сеча на 927 метри просторни (648,9 m³) дрвна маса во истоимената ШСЕ. Оваа непланска – бесправна сеча била извршена од четвртопријавениот Б.С. во својство на овластено лице во петтопријавеното правно лице ,,МЕР-БИЛ“ ДООЕЛ Крушево, односно бил ангажиран како надворешен извршувач на услуги за јавното претпријатие и би требало да работи согласно нивните инструкции и под нивен надзор. На тој начин осомничените на ЈП „Македонски шуми“ му нанеле штета од 4.542.300 денари.


Непланската - бесправна сеча била откриена при вонредната ревизија во оддел 18/а во Шумско Стопанска Единица „Бирино Селце“, која била извршена по овластување од директорот на ЈП „Македонски шуми“ во подружницата „Липа“ од Крушево од 02.07.2018 година. При извршениот теренски увид било утврдено дека има поголема количина на исечена дрвна маса, а во моментот на контролата за оддел 18/а немало важечки договори за сеча и дотур со надворешни извршители, ниту пак подружницата располагала со сопствени секачи и дотурачи.

Убава вест и надеж дека во иднина ќе се почитува законот


Ова е убава вест, бидејќи самоволието и своеволното толкување на законите го бутка претпријатието во пропаст. Каков ќе биде судскиот епилог не можеме да предвидиме, но ова треба да биде добра поука за сите вработени во ЈП „Македонски шуми“ да почнат да работат согласно законите и во полза на јавното претпријатие.
Сепак постои основен сомнеж дека слични отстапки при голи сечи има безмалку во сите подружници, бидејќи кој е малку подобро запознаен со проблематика добро му е јасно дека секогаш тука се јавува вишок на дрвна маса. Често пати укажуваме дека самата процедура на јавна набавка е погрешна, но за жал многумина тоа не можат да го сватат, па затоа голема е веријатноста слични случаи да може да се најдат и во други подружници.
Според добро упатени во проблематиката, ваквите случаи можно е досега често да се решавани, така кажано во од, при тоа да се играло на картата на доверба, во смисла “ти работи, а ние после ќе потпишеме анекс на договор или ќе направиме анекс на основата“. Во овој случај можно е довербата некој да ја плати со своја глава, па затоа друг пат памет во глава и документ во рака.


No comments