Ексклузивно

Беровец починал од повреди здобиени при сеча


Беровец починал од повреди здобиени при сеча

За тоа дека работата во шумарството е опасна и тешка, докажуваи фактот дека често се случуваат несреќе кои неретко се и со фатални последици. Најнов пример за тоа ни пристигнува од Берово.
Педесет и едно годишниот  Г.Ѓ. од Берово починал од здобиените повреди во пределот на главата здобиени при сеча на борови стебла во месноста Ормане – Царев Двор.
Според соопштението на МВР, оваа несреќа се случила околу 12 часот. Сега починатиот бил со повеќе лица и неговиот син, кои веднаш се обиделе да му пружат помош. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата “Систина“ – Скопје, но за жал им подлегнал на поредите.
На лице место на настанот увид извршила екипа од Полициската станица од Берово и се преземаат мерки за пасчистување на случајот.
Ваквите немили настани се порака за сите вработени во шумарството дека трена да се биде многу внимателен при работи во шума, да се користат средства за заштита при работа и да се превземаат сите мерки за избегнување на несреќи при работата.

No comments