Ексклузивно

Голема акија во крушевско за сузбивање на криминалот во шумарството


Од ЈП “Македонски шуми“ по социјалните медиуми споделија информација за акција за сузбивање на криминалот во шумарството, кој се случил на подрачјето на подружницата од Крушево. Од штурите информации не може јасно да се заклучи за што станува збор, но претпоставуваме дека наредните денови ќе излезат со попрецизни и пообемни информации.
Реакцијата наводно следувала по претходна пријава од раководителот на ПШС ”Липа” за голема злоупотреба во шума. По пријавата на лице место излегла екипа од Дирекцијата во Скопје, која затекнала нелегално посечена и дотурено дабово огревно дрво. Овој сомнеж за сторен криминал според информациите од јавното претпријатие е од познат сторител кој го прекршил Законот за јавни набавки, што наведува на заклучок дека станува збор за надворешен извршител кој всушност извршувал услуги, односно работел за ЈП “Македонски шуми“.
Од сликите објавени на нивниот профил може да се забележи дека станува збор за поприлично значителна количина на дрвна маса и масакар на голема шумска површина, кој најверојатно се одвивал подолг временски период.
Останува во скоро време да се појасни за што станува збор и како што се гледа од фотографиите бидејќи станува збор за голема површина и дрвна маса, надлежните да објаснат како е дозволено да се уништи толкава површина од шумата и да не се делува правовремено. 
Во секој случај ова може да се протолкува и како добра вест која е за поздравување и за која се надеваме дека ќе има правна завршница. Штетата е непроценлива, но дрвната маса е добредојдена. 





Сликите се од facebook.

No comments