Ексклузивно

Пустошење на шумата во атарот на село Горна Ѓоновица гостиварско



Најнов промер на пустошење на шумите пристигнува од Гостиварско. Како што соопшти Секторот за внатрешни работи од Гостивар, во периодот помеѓу 6-10 јули, како по обичај непознати сторители во атарот село Горна Ѓоновица гостиварско, без одобрение пресекле 54 m³ дабови и 19 m³ букови стебла со вкупна дрвна маса од 10 m³.
Дрвокрадците успеале незабележано од никого да ги однесат поголемиот дел од посечените дрва, додека на самата локација биле пронајдени и подигнати околу 2 m³.
Од полицијата како и секогаш дадоа рутинско соопштение дека се утврдува материјалната штета и дека како и во безмалку сите претходни случаи – се работи на откривање на сторителите.


No comments