Ексклузивно

Повторен Јавен Оглас за Вработување во ЈП “Македонски шуми“

Јавен Оглас за Вработување во ЈП “Македонски шуми“

По се изгледа дека понекогаш навистина е комплицирано да се објави еден оглас за вработување како што треба, па затоа секогаш има втор - трет пат ... и т.н. Иако овој оглас поради “одредени причини“ веќе беше два пати објавуван, јавното претпријатие се реши истиот повторно да го објави. Можеби се суеверни, па веруваат дека од “трета мајка“ како во детските игри би било поферски :)
Иако за многумина кои својата шанса за обезбедување егзистенција ова е далеку од детска игра и работата е крајно сериозна и многу стресна, можеби ова ќе биде навистина последно пролонгирање. Покрај тоа, согласно заложбите на новата гарнитура на власт, се надеваме дека овој конкурс нема да биде само формалност за да се запази законската процедура, па конечно ќе се вреднуваат квалитетите на пријавените кандидати.
Се некако ми се чини дека овој оглас се коси со член 9 од Уставот на Република Македонија што би можело да биде основа подоцна истиот оглас или избор да биде оспорен пред уставниот суд, но јас не сум правник па не мора да сум во право.
Во продолжение можете да го прочитате огласот, па доколку ги исполнувате услови на база на национална припадност, можете да си ја испробате среќата. За да нема забуни, тука да напоменам дека овој оглас е наменет за албанците.


ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02-1/2018
Врз основа на член 22 став 1 точка 1 од Законот за работни односи (Сл.Весник на РМ бр.129/2015 и 27/2016) и член 20 – д ст.3 од Законот за вработените во јавниот сектор (Сл.Весник на РМ бр. 27/2014, 199/2014, 27/2016 и 35/18) ЈП ”Македонски шуми” - Скопје, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 02-1/2018
За засновање на работен однос на неопределено време
(повторно објавување)

За следните работни места:


За работно место Самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми,  ниво Б1 - завршен ВСС Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 25.530,оо денари – 5 (пет) извршители;

За работно место Референт за користење на шуми и дотур, ниво Б1 - завршен ВСС Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 24.480,оо денари – 10 (десет) извршители;

За работно место Шеф за заштита на шуми и екологија, ниво Б1 - завршен ВСС Шумарски факултет, со три години работно искуство и основна нето плата во износ од 25.530,оо денари – 1 (еден) извршител;

За работно место Референт за превоз, ниво Б2 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство - Шумарски техничар и основна нето плата во износ од 19.100,оо денари – 3 (три) извршители;

За работно место Чувар на шуми – лиценца, ниво Б2 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство - Шумарски техничар насока шумарство и основна нето плата во износ од 17.660,оо денари – 5 (пет) извршители;

За работно место Шумски работник (редач, утоварач), ниво Б4 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со или без работно искуство и основна нето плата во износ од 14.880,оо денари – 7 (седум) извршители;

За работно место Ракувач со градежна машина, ниво Б2 - стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со две години работно искуство и основна нето плата во износ од 19.100,оо денари – 1 (еден) извршител;

За работно место Одржувач на пат, ниво Б4 – стекното најмалку IV ниво на квалификации, четири годишно средно образование, со или без работно искуство и основна нето плата во износ од 14.400,оо денари – 1 (еден) извршител;

Неделно работно време за ове работни места изнесува 40 часа, распоредено во 5 (пет) работни дена од понеделник до петок, од 07 - 15 часот.


Кон пријавата кандидатите треба да ги приложат и следните документи:
Уверение за државјанство
Доказ за завршено образование
Доказ за работно искуство
Доказ за општа здравствена способност за соодветното работно место
Потврда дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност
Предвидените вработување согласно годишниот план на институцијата се за Албанци.

НАПОМЕНА: Поднесените пријави при првата објава на огласот ќе бидат земени во предвид при конечното рангирање.
Пријавите со потребната документација да се достават до ЈП ”Македонски шуми” – Скопје на ул.”Перо Наков” бр. 128 – 1000 Скопје.

Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 06.07.2018 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.
Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.


ЈП”Македонски шуми”- Скопје



No comments