Ексклузивно

Потпишан Меморандум за соработка за сертификација на шумите


На 05.06.2018 година, во просториите на ЈП Македонски шуми се потпиша МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА. Со Меморандумот за соработка во понатамошниот текст ќе се обезбеди основи за соработка меѓу Фармахем, кој ја претставува Програмата за зачувување на природата во Македонија - ПЗП, Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе-ЦНВП и Јавното претпријатие “Македонски шуми (ЈПМШ). 
Според извори од ЈП “Македонски шуми“ настанот има исклучително важно значење за иднината на дрвопреработувачката индустрија во Р.Македонија и имплементација на современите текови во шумарството.

  • -      Имајќи го предвид вниманието и напорите кои на глобално ниво се вложуваат за да се намалат негативните ефекти од климатските промени и улогата која ја имаат шумите во таа насока; 
  • -       Знаејќи дека шумите имаат важна улога во апсорпција на ЦО2 од атмосферата; 
  • -       Свесни за фактот дека шумите се важно живеалиште за многу видови ширум светот; 
  • -   Потенцирајќи ја улогата на шумите во заштитата на почвата од ерозија, заштита од поплави и регулација на водниот режим; 
  • -       Препознавајќи ја важноста на дрвото како енергетски ресурс за многу домаќинства, како суровина за дрвната индустрија и стопанска гранка која обебзбедува приход за многу сопственици на шуми и вработување на илјадници луѓе во овој сектор; 
  • -   Земајќи ги предвид сите екосистемски услуги на шумите, вклучително и улогата во развојот на туризмот, можноста за рекреација и обезбедувањето на пејсажна убавина.
Од ЈП „Македонски шуми“ изјавуваат дека ова јавно претпријатие како активен чинител во обезбедување и унапредување на одржливото стопанисување со шумите во Република Македонија, отпочнува процес на промоција, подготовка и спроведување на сертификација на шумите. 
Пo претходно направени анализи и следење на начинот на сертификација на шумите во опкружувањето и пошироко, ЈП „Македонски шуми“ влегува во пилот-проект за примена на една од шемите за сертификација на шумите во Европа и светот PEFC (Programme for Endorsement of Forest Certification) систем за сертификација на шумите со кои стопанисуваат во Р. Македонија.
PEFC е најголемата глобална сертификациска шема според која се сертифицирани преку 300 милиони хектари шума ширум светот. Строгите правила на PEFC, проверката на терен која ја изведува независен орган и националниот контекст кој е одразен во националниот стандард за одржливо стопансиување со шумите (ОСШ) даваат сигурност за одржување на еколошките, социјални и економски функции на шумите. 
За таа цел, во текот на 2018 година ЈП „Македонски шуми“ со помош на ЦНВП Македонија и Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) ќе работи на пилот проект за подготовка за сертификација на една шумско стопанска единица во рамки на подружницата „Равна Река“ – Пехчево. 
Проектот ќе опфати повеќе активности, меѓу кои: подготовка на внатрешни протоколи за управување во сертифицирано шумско подрачје; набавка на заштитна опрема за теренските работници; обука на стручниот кадар и теренските работници за примена на одржливи шумски практики; адаптација на стопанисувањето на шумите според барањата на националниот стандард за ОСШ кој е донесен во согласност со меѓународниот стандард на PEFC.

Скопје, 05.06.2018 ЈП Македонски шуми

Извор: ЈП “Македонски шуми“

No comments