Ексклузивно

Дрвокрадци „исекле“ дрво и си го однеле со се гранична камера за надзор


Работата со дрвокрадството и заштитата на шумите веќе станува траги-комична.
Денеска рано утрово кога граничните полицајци стигнале до дрво на кое пред два дена била закачена погранична надзорна камера, ги чекало изненадување. Го немало ниту дрвото ниту специјалната камера.
Утврдено е дека дрвокрадец кој ги пустошел шумите околу Злокуќани, (кумановско на потег кон границата со Косово и Србија) го исекол и дрвото на кое била поставена камерата. И двете работи ги качил и си ги однел.
Камерата (со додаток и за ноќно термално снимање) била поставена на дрвото на 25-ти мај, во петокот. За помалку од два дена, украдена е заедно сосе дрвото. Специјализираните камери треба да дадат повеќе податоци за прекугранични илегални преминувања, движење на мигранти и на шверцери со стоки.
Полицијата истражува кој ја украл камерата.
М.С.

Извор: https://telma.com.mk/

No comments