Ексклузивно

Во скопско полицијата открила и запленила „опел кадет“ товарен со дрва


Во услови кога реонското чување на шуми во одредени делови од нашата држава потфрла и како да не постои, патролното чување има полни раце на работа. Па така имаме нов случај на откривање на транспорт на нелегално посечено огревно дрво со лесно патничко возило, кој бил откриен од полициските службеници.
Вчера околу 11.30 часот, на локалниот пат Маркова Сушица-село Цветово, скопско, полициска паторола забележала патничко возило „Опел Кадет“ со скопски регистарски ознаки, кое било натоварено со огревни дрва, а го управувало непознато лице.
Веднаш штом го забележале возилото, полициските службеници дале знак за запирање на возилото, по што возачот го напуштил возилото и пеш побегнал во непознат правец. Возилото било обезбедено и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое го управувало возилото и за целосно расчистување на настанот.

Широко застапен начин на транспорт на нелегално посечено дрво

Ваквиот начин на превезување на нелегално посечено дрво со лесни патнички возила е широко застапена појава низ нашата држава. Вакви модифицирани возила можат да се забележат речиси во сите планински населени места во повеќе делови од нашата држава, кои служат за транспорт на нелегално посеченото дрво и за нелегална трговија на тоа дрво.
Едно од најуништуваните региони со нелегални сечи е скопскиот регион, во кој според некои неофицијални податоци дневната количина на нелегално превезено дрво достига и преку 300 m³, што значи дека ваквите акции се со многу мал ефект. Не би требало да не изненади дури и ако годишното количество на запленето дрво во скоскиот регион е еднакво на дневното количество нелегално посечено дрво. Затоа акциите без откривање и санкционирање на дрвокрадците се со слаб ефект, бидејќи после тоа дрвокрадците сечат поинтензивно за да ја надокнадат запленетата количина на огревно дрво.

Заслугите често се припишувани на погрешна страна

Радува фактот што патролното чување на шумите реди успешни акции, иако често резултатите му се припишуваат на реонското. Претпријатијата кои стопанисуваат со државните шуми согласно Законот за шумите имаат обврска да излезат на терен и да ги превземат запленетите дрва, што потоа често го користат за успехот на акциите си ги припушуваат како своја заслуга во откривање и сузбивање на нелегалните сечи.
Сепак објективно треба да се напомене и дека реонското чување се соочува и со големи проблеми, од типот на слабата опременост, екипираност, мотивираност и стимулираност, што има големо влијание врз нивната работа и функционирање. Соочена со ваквите проблеми, во изминативе години реонската заштитата во повеќе региони се направи безмалку целосно нефункционална, поради што одредени региони од нашата држава се значитено обезшумени од нелегални сечи. Сепак праксата покажа дека тоа не е пречка безмалку редовно одговорноста и вината да се бара во пониските ешалони на вработените, наместо кај оние кои треба да обезбедат услови за нормално функционирање.


No comments